S K I L L U P

Академија

features

ЗА НАС

SkillUp центарот за обука е основан со цел брзо и квалитетно да пренесе знаење на сите мотивирани луѓе за понатамошна надоградба на знаењата, како и за целосна промена на кариерата во областа на ИТ, дигитален маркетинг и дизајн. Нашата цел, покрај пренесување на целото наше знаење е да ја пренесеме и културата, работната етика, современите методологии и се она што се очекува од вработените во врвните ИТ компании.

ЗОШТО SkillUp

Инспирирани од потребите на младите за дообразование и менување на кариера, како и од можностите во областа на дигиталните технологии го стартувавме SkillUp центарот за обука во Велес со цел да ги доближиме најновите трендови од најбрзо растечките области до секој кој што бара надоградба или целосна промена на кариерата.

features

НАШИТЕ ПРОГРАМИ

SkillUp академиите се во времетраење од пет месеци и се приспособени на барањата на пазарот во областа на програмирање, дигитален маркетинг и дизајн. Ова ќе ти помогне побрзо да се стекнеш со потребното знаење и ќе те подготви за брзо прилагодување во константните промени на дигиталните индустрии.

Курсевите се со поинтензивна динамика и се организираат по потреба и траат онолку време колку што бара материјалот.

Наставните програми за академиите и кратките курсеви се креирани во соработка со нашите предавачи врз основа на потребите на ИТ индустријата.

Нашата цел е да ти го пренесеме целото наше знаење и да ти ги дадеме потребните ресурси кои ќе ти помогнат во понатамошно учење, со цел да најдеш добра работа во врвни ИТ компании во земјата и надвор, да започнеш свој бизнис или да почнеш кариера како freelancer.

ШТО ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА?

Знаеме дека почетоците се тешки, затоа непрекинато настојуваме да воспоставиме контакти помеѓу компаниите и нашите студенти. Покрај обуките, одржуваме и работилници и припреми на студентите за процесот на барање работа. Ќе те научиме како да направиш добро CV, каде да ги најдеш најдобрите компании, како да им пристапиш и како да се “продадеш” за време на интервјуто.

Нашите предавачи се достапни за консултации во секое време за секој студент на SkillUp.

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!