S K I L L U P

Академија

Доколку почнуваш или си заинтересиран за кариера во програмирање, овој блог е токму за тебе

Започнаа академиите за програмирање во SkillUp. Горди сме што успеавме да привлечеме студенти кои многу ветуваат и направивме супер екипа. Неколку совети за нив, но и за секој кој сака да влезе во светот на програмирањето. Пишувањето на првиот код е голем чекор за секој иден програмер. Ние во SkillUp се трудиме да им дадеме правилна насока на нашите студенти, учејќи ги на основните принципи кога станува збор за програмирањето. Нашиот тим нуди поддршка и алатки, а истовремено е и водич низ приказната на секој студент. Секој почеток е тежок, тоа е добро познато за сите програмери. Секој програмер ќе се соочи кога тогаш со проблем кој ќе му одземе многу време и нерви. Мотивацијата и самодисциплината се клучни фактори во решавање на проблемот. Во продолжение можете да прочитате неколку совети од нашите ментори, кои ги слушнале сите студенти што поминале низ нашите простории.

Прашувајте – бидете љубопитни.

Љубопитноста е карактерна особина на човек што сака да научи. Оваа карактерна особина ќе ви помогне во создавањето на подобри односи со вашиот ментор, но и ќе го забрза пронаоѓањето на решение за секој проблем.

Продолжете да учите.

Со што се разликуваат врвните и просечните програмери? Не е тајна дека врвните програмери константно учат и ги подобруваат своите вештини. Доколку сакате да останете конкурентни на пазарот на трудот, и сакате да напредувате во вашата кариера, ви препорачуваме никогаш да не ја изгубите желбата за подобрување. Секогаш можете да научите некоја нова вештина, или пак да ги усовршите веќе стекнатите вештини.

Покажете ентузијазам.

Овој начин на размислување ќе ви помогне да останете мотивирани при решавање на секоја задача. Доколку се грижите за крајниот производ и продуктот кој го развивате, на добар пат сте. Не плашете се од предизвик и не дозволувајте да ве надвладее притисокот кога наближува крајниот рок. Преземете одговорност и пристапете му на проблемот со ентузијазам.

Прегледајте ги кодовите.

Доколку работите во тим поделете го вашиот финален код со некои од вашите колеги. Често се случува некои од нив да имаат подобро решение, без разлика на нивното искуство. Свеж поглед кон работите многу значи. На овој начин вашиот тим ќе создаде навика да ги прегледува кодовите, и со тоа да прави контрола на квалитетот.

Не комплицирајте, држете се до едноставноста.

Планирањето на непредвидени случувања многу порано може да го направи кодот премногу сложен и комплексен. Затоа не ги предвидувајте барањата на вашиот клиент, затоа што премногу работи може да се променат. Многу важно е програмерот во текот на кодирањето да ја види пошироката слика и планирањето за проектот. Тоа не значи дека треба многу порано да ги превземате работите во ваши раце. Секогаш мора да работите внимателно и промислено.

Заклучок

Овие совети ќе ви помогнат да стекнете добри навики кои подоцна позитивно ќе влијаат на вашето работење. Барањето работа или пракса како програмер не е воопшто мал чекор, затоа нашите инструктори во SkillUp им стојат на располагање на сите наши студенти со совети, искуства и насоки за почеток на нова кариера во програмирање.

Други статии

Front-end програмирање.

Кодот што го пишуваат програмерите работи на страната на пребарувачот. Тоа се луѓе кои го имплемтираат изгледот на сајтот преку јзици за програмирање како HTML, CSS и JavaScript...

Front end vs Back end програмер - што е разликата?

Размислуваш да почнеш да учиш да програмираш? Слушна за front end и back end програмирање а не знаеш што е што....

Што е HTML.

HTML е кратенка од Hypertext Markup Language. Дозволува креирање на структурни секции како параграфи, наслови и линкови на веб страните...

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!