S K I L L U P

Академија

Да научиш Android програмирање може звучи како голем чекор, но факт е дека отвара голем свет на можности. Можеби ти ќе бидеш тој кој ќе ја создаде наредната „хит апликација“ што ќе го промени начинот на кој работиме или комуницираме едни со други. Можеби ќе развиеш алатка со која ќе си ја олесниш работата или можеби само ќе стекнеш нова вештина која ќе ти помогне да најдеш одлично работно место.

Една од најголемите одлуки што ќе треба да ја донесеш како Android програмер е кој програмски јазик ќе го одбереш - Kotlin или Java. Двата јазика се официјално поддржани од Google и Android Studio, но ние за нашата Академија за Android програмирање го избравме Java како попознат и пошироко распространет. Подетално за двата програмски јазици зборуваме подоле.

Без разлика дали си почетник или напреден програмер, содржината подоле може да биде информативна за секого. Покрај тоа, ако сакаш да бидеш во тек со најновите случувања на пазарот, препорачувамe да ги провериш и најновите трендови во Андроид програмирањето за 2020 година.

Седумте чекори подоле ќе ти помогнат да ја започнеш твојата авантура како Андроид програмер:

1.Разгледај ја официјалната веб-страница на Android

Важно е да прочиташ голем дел од веб-страницата за да го разбереш целокупниот систем и разновидните решенија, идеи и технологии поврзани со Android. На почетокот можеби нема секој дел да биде јасен, но ќе знаеш каде да побараш информации во иднина.

2. Разгледај го Java

Java е официјален јазик за развој на Android апликации и е поддржан од Android Studio. Тој е официјален јазик за Android многу подолго од Kotlin, а популарен е и за многу други цели. Java е исто така еден од најбараните јазици за програмирање во светот, што го прави одличен избор за оние кои сакаат да започнат кариера како програмери. Како најстар јазик за Android програмирање Java има малку поголема поддршка наспроти Kotlin.

3. Разгледај го Kotlin

Котлин е уште еден официјален јазик на Android. Сличен е на Јава на многу начини, но малку е полесен за разбирање. Google го преферира овој програмски јазик иако не е толку широко користен надвор од Android Studio. Ова често го прави помалку привлечен за оние кои се надеваат дека ќе работат како програмери и креатори на бројни апликации.

На официјалната веб-страница на Kotlin, можеш да најдеш важни информации за Android програмирање, а воедно и да го пробаш јазикот.

4. Запознај се со Material Design

Истото правило важи како и погоре, скенирај ја целата страна за да разбереш како е направена и која е идејата која стои зад неа.

5. Симни Android Studio IDE

Најчесто луѓето започнуваат од Eclipse, но сепак Android Studio IDE (integrated development environment) е несомнено најдобриот IDE за Android и е од Google

6. Напиши некоја линија код

Време е да напишеш некаков код. Вежбањето напоредно со учењето теорија е еден од најдобрите начини на учење.

Врати се на официјалната веб-страница на Android и овој пат отиди во Develop. Тука има два најважни дела:

  • Training courses and Codelabs – тука можеш да најдеш многу корисни примери. Помини ги сите овие лекции пред започнеш со вистинско програмирање.
  • API Reference – Знаеме дека е тешко да се помине низ сите овие текстови, описи, примери и така натаму, но вреди. Овој дел е многу важен.

7. Биди во тек со новите трендови

Подоле ќе прикачиме неколку корисни ресурси кои ќе ти помогнат на твојот пат да станеш Android програмер:

  • Android Weekly - секоја недела има нови содржини поврзани со Android - статии, информации, настани. Не пропуштај!
  • AndroidDev Digest – исто како на Android Weekly, секоја недела има нови интересни статии.
  • Kotlin Weekly – ако сакаш да ги подобриш твоите вештини на Kotlin, оваа страна може многу да ти помогне.
  • Android Developers Backstage podcast – домаќини на овој podcast се Android програмери од инженерскиот тим од Google.
  • Android thread on Reddit - информации, новости и кодови од Android програмери од целиот свет.
  • Android Developers blog – интересни текстови од Аndroid програмерите од Google.
  • Android Developers YouTube - голема доза на знаење директно од Android програмерите од Google.

Не застанувај!

Запомни - ова е само почеток! Се надеваме дека овој пост ќе ти го олесни влезот во светот на Android програмирањето.

Доколку решиш дека ова е твојот избор, SkillUp наскоро започнува со Академија за Андорид програмирање. Пиши ни за да добиеш повеќе информации.

Други статии

Што е iOS програмирање и како да започнеш кариера во оваа технологија.

Развојот на мобилни апликации е вештина која денес особено се цени. Како расте бројот на луѓе кои се одлучуваат за оваа работа, така се зголемува и потребата да се користи најбараната мобилна технологија...

Што е Back End Програмирање?

Back end програмирањето е поврзано со позадинскиот, или серверскиот дел на една веб страна или апликација. Сѐ она што ние како корисници не го гледаме, но е многу важно за функционалноста на сајтот....

Front-end програмирање.

Кодот што го пишуваат програмерите работи на страната на пребарувачот. Тоа се луѓе кои го имплемтираат изгледот на сајтот преку јзици за програмирање како HTML, CSS и JavaScript...

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!