S K I L L U P

Академија

banner_top pt_0_i

Главните виновници за креирање и градење на веб страни оптимизирани за најдобро корисничко искуство се талентираните frontend програмери. Тие играат клучна улога во креирањето на еден вебсајт, како и во брендингот на истиот.

Една од најголемите квалитети на еден програмер е способноста да креира добро корисничко искуство. Дури и најмалиот проблем при навигација може да го чини клиентот загуба во продажба. Повеќе бизниси ги согледуваат можностите од нивнито квалитетно онлајн присуството, и за резултат на тоа, побарувачката на frontend програмери рапидно се зголемува.

Најважни вештини на еден Frontend програмер

Побарувачката на вештини може да варира од компанија до компанија, и од клиент до клиент, но овие се најважни програмски вештини кои треба да ги има секој frontend програмер.

HTML (Hypertext Markup Language), стандардниот јазик кој е потребен за да сe создаде една веб-страна и апликација. Преку HTML ќе научиш како да ја изградиш основната структура на веб-страната. HTML не е програмски јазик, што значи не дозволува креирање на динамичка функционалност. Неговата примена е во организација и форматирање на документи, слично како и Microsoft Word.

CSS (Cascading Style Sheets) е стилски јазик кој ќе го користиш за да ја опишеш предвидената презентација на веќе-постоечкиот HTML документ. Ќе ги совладаш процесите за стилизирање на страната до посакуваниот изглед. CSS е технологија со која ѝ се дава стилот на твојата веб страна, што значи се користи за подобар изглед и распоред на истата. Освен тоа, можеш да дефинираш како твојата страна ќе изгледа на различни екрани како компјутер, таблет, мобилен телефон.

JavaScript e интерпретациски програмски јазик преку кој ќе можеш да додаваш динамички функционалности во елементите на веб страната. Со JS твојата веб-страна ќе биде “oживеана”. Станува збор за client-side програмски јазик, односно софтвер кој работи на страната на клиентот. Тоа всушност значи дека програмскиот код е испратен кон компјутерот на корисникот со остатокот од кодот од веб страната а потоа прелистувачот го чита тој код и прави тоа што му е наложено.

Angular e платформа и 'framework' за изработка на апликации кои се составени од само една единствена веб страна (single-page). За изведба на овие апликации се употребува HTML и TypeScript. Според годишната анкета на StackOvervlow за 2020, JavaScript се рангираше на 1 место како најкористен програмски јазик, додека Angular заврши на 3 место како најкористена работна рамка за развој со JavaScript.

ReactJS е слободна за употреба, тоа е JavaScript библиотека која се користи за креирање на еднострани мобилни и веб апликации како и повеќекратно употребливи елементи. Како дел од React проектот, Facebook го креираше React Native кој работи на истиот начин како и ReactJS но се користи за креирање на мобилни апликации.

Дополнителни вештини кои ќе ти помогнат при твоето вработување

Техничкото знаење може да те однесе до интервјуто. Frontend програмерите мора да имаат одлични дополнителни вештини. Најчесто работат во тим, комуницирајќи со други оддели, или пак комуницирајќи ги потребите директно со клиентот. Сето ова бара дополнителни вештини, цврст карактер, и позитивен став.

Еве неколку дополнителни вештини кои ќе ви помогнат да станете успешен frontend програмер:

Научи да слушаш: Frontend програмерите мораат да воспостават добра комуникација. Ова значи да им обрнуваат внимание на клиентите и колегите во текот на нивната комуникација. Дел од нивната работа е да ги воочат побарувањата од клиентот. Исто така треба јасно да ја разберат сликата на брендот и тонот на обраќање кој го користи.

Добро менаџирање на времето: менаџирање на времето, организација, и способноста да ги издвоиш своите приоритетни задачи, се многу важни вештини доколку сакаш да бидеш успешен програмер. Често ќе добиваш повеќе задачи во исто време. Треба да останеш смирен и да ги решаваш задачите по претходно одреден редослед и приоритет.

Прифаќај критики: Искористи ги критиките и фидбекот кој го добиваш за да ја подобриш твојата работа и твојот код.

Прилагодливост: Frontend програмирањето е свет кој брзо се менува. За да бидеш успешен потребно е да се прилагодиш на твојата околина и постојано да учиш нови начини на пристап. Успешните frontend програмери се флексибилни, работат ефективно, и се спремни да ја сменат застарената технологија.

Доколку сакаш да добиеш квалитетна обука и сертификат за frontend програмирање, резервирај си место за новите групи во SkillUp кои започнуваат во Февруари.

Други статии

Front-end програмирање.

Кодот што го пишуваат програмерите работи на страната на пребарувачот. Тоа се луѓе кои го имплемтираат изгледот на сајтот преку јзици за програмирање како HTML, CSS и JavaScript...

Front end vs Back end програмер - што е разликата?

Размислуваш да почнеш да учиш да програмираш? Слушна за front end и back end програмирање а не знаеш што е што....

Што е HTML.

HTML е кратенка од Hypertext Markup Language. Дозволува креирање на структурни секции како параграфи, наслови и линкови на веб страните...

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!