S K I L L U P

Академија

По самото завршување на академијата за Back-End програмирање , Мики Арсов успеа да се вработи во MyAsset.

Кој е Мики?

Позитивна и енергична личност, со голема желба за спорт и програмирање. Junior Developer. Покрај секојдневните обврски, времето што ми останува го користам во надоградување на моето знаење, вежбање, возење велосипед и поминување време со најблиските.

Како се појави желбата за програмирање?

Отсекогаш ме интересираа компјутерите, уште од мал сакав да знам како функционираат некои апликации и како тие се креираат. Сфатив дека во тоа поле најмногу би успеал и дека би имал простор за постојано да се надоградувам. Па затоа одлучив дека сакам да работам како програмер.

Програмер е човек што решава проблем за тебе, кој што не си знаел дека го имаш, на начин на кој што не можеш да разбереш 🙂

Неодомна започна со работа во MyAsset. Како изгледа еден твој работен ден, кој ти е омилен дел од работата?

Започнав со работа како Junior full-stack developer. Сеуште работиме Remote па затоа работниот ден ми поминува во пишување код, слушање музика и дневна доза кафе. Омилен дел од работата ми е кога ќе успеам да решам проблем.

Како академијата ти помогна во новата кариера?

После само неколку месеци поминати во академијата се стекнав со знаење кое ми помогна да почнам со пракса а потоа и вработување.

Кој дел од Back-End програмирањето ти се допадна највеќе?

Ги користам и двете сфери од програмирањето и front и back end. Кога би бирал омилен дел од back-end програмирањето тоа би било работење со датабази и логиката која ја има во него

Дали Академијата за back-end програмирање ги исполни твоите очекувања?

Ги надмина. Од академијата добив и повеќе од очекуваното благодарение на вложениот труд и посветеноста на менторите.

Уписите на академијата за програмирање се во тек. Резервирај си место!

Сакаш да научиш да програмираш?

Уписите за нашите академии се во тек. Прочитај ги искуствата на студентите.

Front-end
програмирање

Back-end
програмирање

Други статии

Тања од Frontend академијата си почна на пракса во Blasoft Solutions

Само со работа, труд, упорност и посветеност, целиот страв исчезнува. Да, секој може да стане програмер доколку вистински го сака тоа...

Панче од Backend академијата - од играње игри до програмирање

Само напред. На почеток е малку е потешко отколку што изгледа, но потоа станува многу полесно отколку што изгледа...

Front-end програмирање.

Кодот што го пишуваат програмерите работи на страната на пребарувачот. Тоа се луѓе кои го имплемтираат изгледот на сајтот преку јзици за програмирање како HTML, CSS и JavaScript...

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!