S K I L L U P

Академија

Наставата се изведува во некоја од просториите на SkillUp центарот. При дефинирање на групата ќе се дефинира и точната локација
Секоја академија трае 5 месеца – два и пол месеца теорија, и исто толку пракса.
Во текот на годината организираме по две академии – прва група од Септември до Јануари, и втора група од Февруари до Јуни.
Курсевите имаат поинаква динамика. Се организраат по потреба и траат онолку време колку што бара материјалот.
Англиски јазик навистина би ти помогнал во целиот процес, а и понатаму во животот. Меѓутоа, за посетување на предавањата не е неопходен англискиот јазик. Предавањата се одржуваат на македонски.
Секако, топла препорака од нас е да научиш англиски.
Лаптоп. Доколку немаш, ние ќе ти обезбедиме лаптоп на користење за времетраењето на академијата или курсот.
Програмите се креирани за да може апсолутен почетник да се воведе во тематиката. Меѓутоа, доколку имаш претходни познавања, ќе ти биде уште полесно да се вклопиш.
Редовно читај го нашиот блог за нови и интересни содржини.
НЕ. Ама и да. Зависи само од тебе. Не постои академија која може да ти гарантира дека ќе станеш добар во тоа што го учиш. Ние се трудиме да ти ги дадеме основите на секоја тематика, а дали навистина ќе станеш добар во тоа, зависи само од времето кое што ќе го посветиш на учење надвор од часевите.
Академија – трае подолго, опфаќа повеќе материјал, се фокусира на теоретски и практичен дел. Одлична за луѓе кои се решени дека сакаат да се фокусираат на одредена област и да изградат кариера во неа.
Курс – краток и интензивен. Има за цел во најкус можен рок да ти пренесе информации на одредена тема. Одличен за надоградување на знаења, или за нерешителните кои сакаат да видат дали одредена тема “им лежи”.
Академиите и курсевите за возрасни не се ограничени со возраст. Секој е добредојден.
Академијата за деца во моментов е наменета за деца од 11-13 години. Работиме на програма која ќе може да опфати и други ворзасни групи, за коишто дополнително ќе те информираме на социјални медиуми.
Да. Секоја академија е поделена на два дела – теоретски и практичен. За време на теоретскиот дел, освен презентација на концептите се прават и кратки мали вежби за полесно совладување на материјалот. И нормално, домашна задача.
Практичниот дел се состои од изработка на проекти за применување на изучениот материјал.
Да, по завршувањето на предавањата ќе добиеш СЕРТИФИКАТ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА КУРС или АКАДЕМИЈА. Доколку сакаш да добиеш интернационално признат сертификат, ние ќе те насочиме кон акредитивните тела кои даваат такви услуги.
SkillUp не гарантира работа или пракса по завршувањето на предавањата. Имаме соработка со компании од Македонија, и во зависност од нивната потреба во дадениот момент, можеби коцките ќе се наместат доволно за да понудат работа или пракса за студентите.
Меѓутоа, секоја од академиите завршува со обука за барање работа. Ќе те научиме како да направиш добро CV, каде да ги најдеш најдобрите компании, како да им пристапиш и како да се “продадеш” за време на интервјуто.
Секоја академија и курс има посебна цена, во зависност од комплексноста на тематиката, знаењето на предавачот итн. Повеќе информации околу цените можеш да најдеш на следниов линк.
Во моментов нудиме опција за плаќање на рати, со тоа што целиот износ би требало да биде исплатен до завршувањето на академијата.
Е сега, јави му се на Диме на 070375118 или дојди ни на кафе во нашите канцеларии, на ул. Костурска бр.5. Види мапа.
Јави му се на Диме
Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!