S K I L L U P

Академија

ПРОГРАМИРАЊЕ ЗА ДЕЦА.

Учи. Креирај. Програмирај

Поттикнуваме креативност, логика и тимска работа.

KidsUp академија за деца.

ЗА KidsUp

features

KidsUp, како дел од SkillUp центарот за обука, е наменет за обука на деца во областа на програмирањето. Согледувајќи ги брзата дигитализација и технолошка модернизација, веруваме дека учењето на програмирање кај деца е вештина која ќе им помогне во нивниот понатамошен прогрес.

Учењето програмирање на мала возраст овозможува побрз развој на мозокот и аналитичко размислување. Како резултат на ова ние креиравме не само место за изучување на програмирање, туку и место каде што ќе ги поттикнеме малите умови да преземаат иницијативи и решаваат проблеми и им дадеме основа да станат идни инженери, иноватори или истражувачи. Во исто време ги поместуваме границите на традиционалните методи на предавање преку иновативни програми и пристап за изучување. Со ова обезбедуваме сите наши мали студенти да ги развијат потребните знаења и вештини за да бидат дел од решението на проблемите на денешницата.

features

Академии

Осум месечни обуки со практичен пристап кон наставната програма кои ќе им помогнат на децата да стекнат програмерски вештини.

Индивидуална посветеност кон секој студент, Q&A сесии, многу материјали и домашни задачи за целосно совладување на материјалот.

Вовед во ИТ

2 часа неделно
2,000 мкд /месечно
Прочитај повеќе

Scratch

2 часа неделно
2,000 мкд /месечно
Прочитај повеќе

HTML и CSS

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

JavaScript

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

C# и бази на податоци

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

Лице за контакт

Диме Зафиров

dime@skillup.mk

тел: 070 375 118

ЗОШТО ПРОГРАМИРАЊЕ ЗА ДЕЦА

  • Се поттикнува креативноста: Програмирањето го охрабрува не само користењето на дигиталните технологии, туку и нивно креирање. Наместо само играње игри и користење на разни апликации, децата можат да направат своја видео. Со програмирањето учат да размислуваат креативно и да ги поместуваат границите на возможното.

    Се подобруваат способностите за справување со проблеми.

    Кога програмираат деца се среќаваат со комплексни задачи кои имаат за цел да ги научат како на логичен начин да ги разложат до степен на решавање на секој сегмент посебно.

  • Се вежба упорност: Како и секоја нова дисциплина, програмирањето е предизвик. Изучувајќи го децата се стекнуваат со упорност во справување со разни препреки, која што е една од најважните вештини за успех.
  • Се развива логичко размислување: Логиката е клучна за програмирањето и се состои од формирање на последователни чекори со цел да се постигне крајната цел. Доколку оваа логика се развие, може да биде употребена во разни ситуации и околности кои бараат практично решавање на проблеми.
  • Се развива иновативност: Од коли кои сами возат до роботи што прават операции, програмирањето е основата на сите нови изуми кои го менуваат светот. Децата кои практикуваат програмирање се во предност да развијат љубов кон едни од највозбудливите и најперспективни професии на денешницата како инженерството, вештачката интелегенција и роботиката.
kids robot
Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!