Академија
На академијата за програмирање за деца го користиме Scratch. Овој софтвер е креиран и прилагоден на забавен начин да ги доближи децата до светот на програмирањето. Малите студенти учат програмирање правејќи игри, анимации и интерактивни сценарија, кои што се прикажани во 3D, што дополнително овозможува развивање на висок степен на креативност. Со ова истовремено се активираат двете хемисфери на мозокот кај детето, што резултира во поголема продуктивност и постигнување на успешни резултати.
Со Scratch децата можат да уживаат на нашите часови и да креираат нивни реални игри, да решаваат задачи и истовремено да учат да програмираат. Програмирањето не се одвива на традиционален начин со пишување на текстуален код, туку со drag-and-drop (влечење и отпуштање) методот.
KidsUp е идеална за деца од 10 до 14 годишна возраст. Оваа академија е вистинското место за вашето дете доколку ја согледате неговата креативност, интерес и наклонетост кон денешните технологии, игри и компјутерски програми.
Времетраењето на академијата е осум месеци и е прилагодена да развие логика за програмирање која децата ќе можат да ја употребат во понатамошни учења и совладувања на проблеми.
Академијата се одвива во текот на целата школска година, започнувајќи во Септември се до Јуни.
Почеток Септември 2020г. Два пати неделно по еден час од 60 мин.
Составени од најмногу 12 студенти. Пријавувањето и селекцијата на кандидатите е во тек.
Костурска бр.5 , Велес 1400