Академија
Скоро 77% од корисниците одбираат сами да се зачленат на e-mail листи на компании, па затоа овие кампањи се совршен начин кој овозможува да го претставиш твојот бренд во најдобро светло, да стапиш во контакт со потенцијални потрошувачи, да ја зголемиш посетеноста на твојот вебсајт и да собереш важни информации за корисниците.
За таа цел направивме чекор-по-чекор водич кој ке ти помогне твојата e-mail маркетинг кампања да биде успешна!
Треба да ги прецизираш твоите цели кои сакаш да ги постигнеш со оваа кампања. Во зависност од индустријата на која припаѓа твојот бренд и неговата големина, твојата цел може да биде:
Одлучи кон што целиш и искористи го овој водич да те понесе низ креирање, поставување и анализа на твојата кампања.
Откако ќе ја дефинираш крајната цел на твојата e-mail стратегија, треба да избереш e-mail маркетинг софтвер кој е соодветен на твоите потреби. Подолу направивме листа од 7 добри и познати софтвери кој можеш да ги користиш за оваа цел:
Спремен си? Може да поченеме!
Размислувај како твоите потрошувачи и запрашај се самиот: Што би сакал мојот потенцијален купувач да добие во неговиот инбокс? Што ќе добие за возврат ако ја остави неговата e-mail адреса? Која ќе биде твојата порака? (пр. “Дознај повеќе”; ”Посети ја продавницата денес”). Биди што е можно поконкретен, за твојот корисник да знае за што се пријавува и да не се разочара веднаш штом ќе почнат да му пристигнуваат твоите меилови. Со други зборови, земи во предвид на кого, што му нудиш.
На пример:
Покрај оставање на e-mail адреса на твојот вебсајт, има и други начини преку кои можеш да создадеш e-mail листа:
Потенцијален потрошувач се зачлени на твојот сајт, што понатаму? Првиот e-mail кој го добива после најавувањето е пресуден за успехот на твојата e-mail кампања. Користејќи ја e-mail услугата која ја одбра (MailChimp, Constant Contact, GetResponse итн.), можеш да примениш автоматски e-mail одговор. Овој e-mail треба да содржи општи информации за компанијата, како и план на искористување на веќе добиената e-mail адреса на корисникот.
Важно: Оствари ги очекувањата на твојот корисник. Ако се пријавил да добива маилови од тебе 2 пати во неделата, осигурај се да ги добие. Доколку не си истраен во тоа, ризикуваш да изгубиш вредни клиенти.
Повеќето e-mail услуги овозможуваат системска анализа на содржините - слободно искористи ги! Фокусирај се на бројот на корисници кои ја отвориле e-mail кампањата (Open Rate), соодносот на корисници кои кликнале на одреден линк и оние кои ја посетиле страната/рекламата (CTR - Click Throught Rate), како и оние кои се откажале од добивање на e-mail пораки (Unsubscribers).
Кога знаеш каде и што треба да провериш, ќе добиеш јасна претстава зошто твојата e-mail маркетинг кампања е успешна или неуспешна.
Наоружан со сите овие информации, не чекај и започни со процесот на распределба! Со други зборови, подели ја твојата e-mail листа на помали таргетирани групи. Насочената комуникација е добра за корисниците и ќе ги натера да останат зачленети на твојот сајт.
Запомни дека твојата e-mail листа е една од најголемите вредности на твојот мал бизнис. Времето и трудот кои ќе ги вложиш во нејзе, како и водењето на e-mail кампања, ќе покажат вистински резултат.
Какво е твоето искуство со e-mail маркетинг? Како истото му помогна на твојот мал бизнис? Како ги контактираш веќе постоечките корисници, додека истовремено бараш нови? Сподели ги со нас твоите препораки.
Костурска бр.5 , Велес 1400