Академија
KidsUp, како дел од SkillUp центарот за обука, е наменет за обука на деца во областа на програмирањето. Согледувајќи ги брзата дигитализација и технолошка модернизација, веруваме дека учењето на програмирање кај деца е вештина која ќе им помогне во нивниот понатамошен прогрес.
Учењето програмирање на мала возраст овозможува побрз развој на мозокот и аналитичко размислување. Како резултат на ова ние креиравме не само место за изучување на програмирање, туку и место каде што ќе ги поттикнеме малите умови да преземаат иницијативи и решаваат проблеми и им дадеме основа да станат идни инженери, иноватори или истражувачи. Во исто време ги поместуваме границите на традиционалните методи на предавање преку иновативни програми и пристап за изучување. Со ова обезбедуваме сите наши мали студенти да ги развијат потребните знаења и вештини за да бидат дел од решението на проблемите на денешницата.
Осум месечни обуки со практичен пристап кон наставната програма кои ќе им помогнат на децата да стекнат програмерски вештини.
Индивидуална посветеност кон секој студент, Q&A сесии, многу материјали и домашни задачи за целосно совладување на материјалот.
Се поттикнува креативноста: Програмирањето го охрабрува не само користењето на дигиталните технологии, туку и нивно креирање. Наместо само играње игри и користење на разни апликации, децата можат да направат своја видео. Со програмирањето учат да размислуваат креативно и да ги поместуваат границите на возможното.
Се подобруваат способностите за справување со проблеми.
Кога програмираат деца се среќаваат со комплексни задачи кои имаат за цел да ги научат како на логичен начин да ги разложат до степен на решавање на секој сегмент посебно.
Костурска бр.5 , Велес 1400