Академија
Даниел е поранешен студент во SkillUp академијата за Front-end програмирање, па реши да ви сподели дел од неговото искуство со нас.
Ми требаше кариерна промена, а во програмирањето гледав можност да се реализирам себеси на професионален план, но овој пат на долг рок.
По професија banner_top pt_0_iномист на Економски факултет, Скопје. Уште додека студирав оваа професија не ми делуваше природно на мојот карактер. Од работа главно се занимавав со хотелиерство, односно 3 год во казино на бродови за крстарење, потоа околу година и пол како рецепционер во хотел.
Не, имав само основни познавања од работа со компјутер. Интересот постоеше за програмирање но на почеток се ви делува далечно и непознато.
Слушнав од мои другари кои веќе имаа многу позитивни впечатоци и искуства и биле дел од SkillUp академијата.
Не сакав овој процес на кариерна промена да го поминам сам. Ми требаше поддршка, ми требаше водич и ментор кој ќе ме постави на правиот пат до целта да успеам како програмер.
Презадоволен сум од целокупната програма и начинот на кој беше реализирана. Менторите несебично го споделија своето знање со нас, беа доста посветени и секогаш отворени за комуникација со нас а особено ми помогна нивниот пријателски пристап. Нивната подршка никогаш не престана, тие се со нас и по завршувањето на академијата.
Се одлучив за Front-End development кој вклучува HTML, CSS и JavaScript програмски јазик а потоа и Bootstrap i Git како нивна поддршка. Се одлучив за нив бидејки ми даваат голема слобода да се изразам и да бидам креативен, особено кога станува збор за проекти кои ги работам лично за себе, но исто така овозможуваат многу решенија на проекти за потребите на клиентите.
Благодарение на поддршката од моето семејство многу лесно избалансирав, бидејќи академијата ја ставив и како приоритет, односно се посветив на програмирање целосно, особено на изучување на JavaScript. Чуството кога ќе навлезеш во логиката на JavaScript е како да читаш добра книга, со многу пресврти, и едвај чекаш да ја завршиш за да дознаеш каков е крајот, но во овој случај во заблуда е оној што мисли дека научил се, бидејки секогаш ќе има нешто ново, нешто што ќе го научиш за првпат.
Имавме доста домашни задачи и реални проекти, што и го ценам најмногу, бидејки тоа многу помага во изучувањето на програмерскиот јазик. Би издвоил само 3 поголеми: Портфолио Веб Страна, завршниот труд односно Веб Страна за Хотел и Апликација за Менаџмент на Вработени.
Јас многу не се двоумев за тоа дали сакам да го учам ова, бидејки секогаш знаев дека сакам. За среќа дочекавме и ние ва нашиот град да добиеме топ академија која ни го овозможува тоа. Нема простор за страв кога низ цел процес те водат ментори кои со голем ентузијазам зборуваат за професијата која ја живеат.
За мене се започна на почетокот на 2020 а знаев дека сум Front-End developer во моментот кога самостојно го изработив мој завршент труд на академијата, Веб Страна за Хотел, на крај од месец Август. Мотивацијата ми доаѓа од тоа што секогаш сакам да бидам подобар од тоа што сум, а друг начин освен многу труд, посветеност и работа за да бидете подобар и нема.
Во SkillUp научив многу, почнувајки од синтаксата која се користи, логиката на програмските јазици, начини на кои се дели и организира кодот за потоа истиот полесно да се поврзе во целина како краен производ, апликација или веб страна, преку самостојна или тимска работа. SkillUp академијата беше она што ми фалеше за да се реализирам себеси како Front End девелопер. Менторите овозможија целиот овој процес да е многу лесен и остварлив.
Во моментов сум на пракса во TechUp, технoлошкиот парк во Велес под чија капа е SkillUp академијата. Работам во тим со уште двајца front end девелопери. Во моментов сме фокусирани на апликација за дигитализација на здравството, можност за сите пациенти да имаат онлајн консултација со својот доктор или специјалист, да имаат онлајн здравствен картон, да ги најдат најдобрите доктори итн. Ептен корисно, посебно во време на пандемија 😜
Ова е професија која ве тера да размислувате со своја глава, професија на несебични луге од цел свет кои своето знаење ќе го споделат со тебе, професија во која успехот е загарантиран доколку се трудиш, односно ова е професија која ми дава причини да ја сакам повеќе. За во иднина се надевам на проекти кои ке бидат одраз и одговор, подршка на луѓето и нивните потреби кои ќе ги наметне времето што иде.
Доколку сте креативни, имате осет за логика и сакате кариера во која ќе можете лесно и постојано да напредувате, тогаш ова е вистинска професија за Вас. Доколку го сакате ова не губете време во мислење, инвестирајте во себе и дозволете луѓето од SkillUp да ви помогнат. Потоа вашиот труд, вашите проекти ќе говорат за вашите успеси.
Костурска бр.5 , Велес 1400