Академија
Јас сум студент на Економски Факултет на смер за маркетинг. Со дигиталниот маркетинг се запознав уште од мојата 16 годишна возраст, кога почнав да експериментирам со сајтови и генерирање трафик преку социјални медиуми. Најголемиот дел од моето знаење го добив преку реални проекти кои сам ги правев преку форуми и онлајн курсеви. Моментално, работам дигитален маркетинг за клиенти преку мојот стартап Dimov Digital.
Во слободно време сакам да читам книги и да ја збогатувам мојата библиотека. Најчесто читам претприемачки книги. Исто така уживам да возам велосипед.
Досегашното искуство со креирани повеќе од 300 сајтови, и најразлични комбинации за генерирање на трафик, можам да кажам дека најлесниот е најбрзиот начин е да се дојде преку социјални медиуми како што беше случајот со Трамп каде менаџирав неколку сајтови и социјални медииуми со голем број на следбеници. Можам со сигурност да кажам дека SEO е најдолготрајниот и најефикасниот начин за добивање трафик. Најтежок но најефикасен.
Според мене омилен дел ми е Keyword Research, каде можеме преку најразлична анализа можеме да видиме што купувачите најчесто пребаруваат.
Единствен курс на кој студентите ќе имаат можност да работат со алатки како Ahrefs, Semrush и MOZ, курс на кој нема да добијат елементарно знаење, туку ќе бидат комплетно обучени.
Да бидат комуникативни, отворени за дискусија, и да запамтат дека SEO е долг процес но најисплатлив.
Курсот за SEO започнува во ноември. Доколку си заинтересиран ти препорачуваме да си резервираш место на време. Можеш да се пријавиш, како и да добиеш повеќе информации околу програмата на овој линк.
Костурска бр.5 , Велес 1400