S K I L L U P

Академија

Академија за
Вовед во ИТ (KidsUp)

Првиот чекот во светот на компјутерите.

Цена: 2,000 мкд/месечно

Програма - Вовед во ИТ

Академијата за Вовед во ИТ се состои од неколку модули наменети да ги запознаат малите таленти со светот на информациските технологии.

features

Започнуваме со модулот за информатика и компјутери. Ќе научиме што е компјутер и што значи хардвер а што софтвер. Ќе играме игри за развивање на вештини за работа со тастатура и глувче. Ќе научиме што значи програма или апликација и како да се снаоѓаме на работната површина.

Вториот модул е наменет за вовед во Word како основна програма за обработка на текст. Ќе ги научиме основните опции на апликацијата, и ќе креираме текстови на кои ќе додадеме слики. Ќе ѓи следиме сите промени на документот кога се работи во тим.

Следува Excel модулот. Ќе се посветиме на креирање табели и работа со основни пресметки. Ќе ги сортираме резултатите и ќе поставиме филтри за пребарување.

Четвртиот модул е посветен на Power Point. Ќе направиме презентација на тема која студентите сами ќе си ја одберат. Ќе зборуваме за 7х7 правилото, и ќе додадеме ефекти на нашата презентација.

features

Петтиот модул вклучува поместување на границите и излез во светот на интернетот. Ќе научиме како функционира интернетот, што е сервер, пребарувач, вебсајт, е-меил и cloud storage. Ќе научиме како да пребаруваме на интернет, што се тоа клучни зборови и како се користат.

Целата академија ќе ја заокружиме со финален проект, на кој учениците ќе ни покажат што научиле. Самите ќе одберат тема, ќе направат истражување на интернет, ќе напишат документ во Word, ќе направат пресметки во Excel и ќе ни го презентираат проектот со помош на PowerPoint.

Нашата најважна цел е да ги насочиме децата кон тимска работа, креативно размислување и решавање на проблеми со логика.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА И КОЛКУ ТРАЕ
АКАДЕМИЈАТА ЗА ВОВЕД ВО ИТ?

Академијата е идеална за деца од 8 до 10 годишна возраст. Оваа академија е вистинското место за вашето дете доколку ја согледате неговата креативност, интерес и наклонетост кон денешните технологии.

Времетраењето на академијата е осум месеци и е прилагодена да развие логика за програмирање која децата ќе можат да ја употребат во понатамошни учења и совладувања на проблеми.

Часови

Академијата се одвива во текот на целата школска година, започнувајќи во Септември се до Јуни.

Распоред

Почеток Септември 2020г. Два пати неделно по еден час од 60 мин.

Групи

Составени од најмногу 12 студенти. Пријавувањето и селекцијата на кандидатите е во тек.

Цена


2,000 ден/месечно

Други Академии

Scratch

2 часа неделно
2,000 мкд /месечно
Прочитај повеќе

HTML и CSS

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

JavaScript

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

C# и бази на податоци

2 часа неделно
2,500 мкд /месечно
Прочитај повеќе

Лице за контакт

Диме Зафиров

dime@skillup.mk

тел: 070 375 118

Лице за контакт

Мартин Боровски

martin@skillup.mk

тел: 077 817 718

Адреса

Костурска бр.5 , Велес 1400

Контакт

Телефон: (+389) 70 375 118

Е-маил: contact@skillup.mk

Ве молиме внесете име!
Ве молиме внесете валидна е-маил адреса!
Ве молиме внесете порака!