Академија
Започнуваме со модулот за информатика и компјутери. Ќе научиме што е компјутер и што значи хардвер а што софтвер. Ќе играме игри за развивање на вештини за работа со тастатура и глувче. Ќе научиме што значи програма или апликација и како да се снаоѓаме на работната површина.
Вториот модул е наменет за вовед во Word како основна програма за обработка на текст. Ќе ги научиме основните опции на апликацијата, и ќе креираме текстови на кои ќе додадеме слики. Ќе ѓи следиме сите промени на документот кога се работи во тим.
Следува Excel модулот. Ќе се посветиме на креирање табели и работа со основни пресметки. Ќе ги сортираме резултатите и ќе поставиме филтри за пребарување.
Четвртиот модул е посветен на Power Point. Ќе направиме презентација на тема која студентите сами ќе си ја одберат. Ќе зборуваме за 7х7 правилото, и ќе додадеме ефекти на нашата презентација.
Петтиот модул вклучува поместување на границите и излез во светот на интернетот. Ќе научиме како функционира интернетот, што е сервер, пребарувач, вебсајт, е-меил и cloud storage. Ќе научиме како да пребаруваме на интернет, што се тоа клучни зборови и како се користат.
Целата академија ќе ја заокружиме со финален проект, на кој учениците ќе ни покажат што научиле. Самите ќе одберат тема, ќе направат истражување на интернет, ќе напишат документ во Word, ќе направат пресметки во Excel и ќе ни го презентираат проектот со помош на PowerPoint.
Академијата е идеална за деца од 8 до 10 годишна возраст. Оваа академија е вистинското место за вашето дете доколку ја согледате неговата креативност, интерес и наклонетост кон денешните технологии.
Времетраењето на академијата е осум месеци и е прилагодена да развие логика за програмирање која децата ќе можат да ја употребат во понатамошни учења и совладувања на проблеми.
Академијата се одвива во текот на целата школска година, започнувајќи во Септември се до Јуни.
Почеток Септември 2020г. Два пати неделно по еден час од 60 мин.
Составени од најмногу 12 студенти. Пријавувањето и селекцијата на кандидатите е во тек.
Костурска бр.5 , Велес 1400